ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трипуновски: Формиравме совет на земјоделци и на експерти за поквалитетни земјоделски политики

Мојата функција како дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја извршувам во целосна корист на земјоделците. Земјоделците од денес во ВМРО-ДПМНЕ имаат заштитник, но и партнер кој ќе работи во нивна корист. Водени од мислата за создавање подобри услуги и поквалитетни земјоделски политики формиравме Совет на земјоделци и Совет на професори експерти, кои ќе ме советуваат и ќе работат во корист на земјоделците, изјави Цветан Трипуновски, новиот заменик министер во МЗШВ.

„Советот на земјоделци и Советот на професори експерти, за разлика од скапо платените 58 советници на Заев, кои ја чинат државата над 50.000 евра секој месец, моите советници нема да ги чинат граѓаните ниту денар“, рече Трипуновски.

Советот на земјоделци ќе биде составен од земјоделци и земјоделски лидери од цела Република Македонија кои за почеток ќе брои 6 земјоделци и тоа во состав: Златко Стојчев од Росоман, лозаро-овоштар и претседател на здружението „Тиквешки лозаро – овоштари“; Драги Памуков од Куклиш,  Струмица, градинар, претседател на здружението „Кукла Градинар“;  Драгољуб Гаврилов од Чешиново, оризар, претседател на здружението „Агро обнова“;  Зоран Илиевски од Ресен, овоштар, претседател на здружението „Агро Преспа“;  Митко Јанков од Ораовец, Велес, сточар, претседател на здружението „Здружение на земјоделци и граѓани Агро Центар“ и  Николче Илиевски од сДобрушево, Могила, тутунар, претседател на здружението „Тутуноберачите“.

Советот на професори експерти ќе биде составен од 6 члена, професори, експерти, докажани во своите области и тоа: проф. д-р Драги Димитриевски, редовен професор на Земјоделскиот факултет при  УКИМ во Скопје, проф. д-р Златко Трајанов, редовен професор од областа на Искористување на шумите, Механизација во шумарството на Шумарскиот факултет при УКИМ во Скопје,  д-р Миле Јакимовски, проф. д-р. Трпе Ристоски, вонреден професор на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Владимир Џабирски, редовен професор на Земјоделскиот факултет при УКИМ во Скопје, проф. д-р. Тошо Арсов, редовен професор на Земјоделскиот факултет при УКИМ во Скопје. „Ова е тимот на професори експерти, луѓе докажани во своите области, кои цели кариери посветиле на земјоделието и шумарството, луѓе кои целото свое знаење ќе го стават на располагање на земјоделците и МЗШВ,  pro bono, без било каков надоместок или хонорар. Овие луѓе се луѓето кои заедно со мене ќе ги донесат промените во земјоделскиот сектор во Република Македонија“, вели Цветан Трипуновски, новиот дополнителен заменик министер во МЗШВ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.