ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Трета мајка“ за пописот на населението, сега го планираат за април догодина

Пописот на населението ќе се спроведе во април 2021 година и од тоа нема поместувања. Премиерот Зоран Заев вели дека одлуката е донесена по барање на опозицијата и оти мора да се почитува консензусот.

За пописот се веќе нарачани 6.000 лаптопи.

Пописот ќе го следат претставници на европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ. Над 2.600 лица се очекува да бидат ангажирани на терен, а пописот ќе се врши директно во електронски форми, достапни на сите 7 јазици на заедниците во земјава. Последниот обид за попис не најде поддршка во Собранието во декември 2019, додека последниот попис беше спроведен во 2002 година. Процесот кој започна во 2011-ттата беше прекинат поради политичко мешање.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.