Трета жртва од морбили, почина 13 месечно дете од тетовско
Уште едно бебе почина од морбили. Станува збор за тринаесет месечно бебе од тетовскиот регион кое синоќа починало на клиниката за детски болести, поради компликации од мали сипаници. Детето не било вакцинирано. Ова е трет смртен случај на дете одмали сипаници за само една недела. Излегува ли епидемијата надвор од контрола?
„Немојте да зборувате дека добро напредуваме, вакциниравме 5900 деца во државата, каде се другите? имаме матерјал деца кои немаат имунитет и тие ќе бидат првите кои ќе заболат. Не постои друг начин во светски рамки кој е познат во медицината базирана на докази дека постои детуг лек. Со апстиненијата од вакцинација, го доведувате своето дете во голем ризик.“ – изјави д-р Жарко Караџовски – Институт за јавно здравје.
Здравствените власти апелираат родителите најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината. Епидемиолозите се категорични дека болеста може да се спречи со вакцинација.
„Сите што се од 0-6 месеци па натака, до 45 години, а не е вакциниран, треба да се вакцинира. Тој родители доживотно ќе го носи детето на душа затоа што не сакал да се вакцинира. Да пренесете на своето дете ни криво ни должно затоа што неговите родители читаат сулуди сајтови“ – вели Караџовски.
Во текот на вчерашниот ден седум нови случаи на морбили се регистрирани. Една 32годишна жена од Сарај и две деца на возраст од годинаипол од Кисела Вода се задржани во болница. Сите биле невакицнирани. На инфективната клиника во моментов има вкупно 26 пациенти со морбили од кои 4 се возрасни, 22 се деца, а најголем дел до нив се на едногодишна возраст. На скопските клиники претходно почина 13 месечно бебе од Свети Николе, а првата жртва беше шест месечно бебе од кумановско.