Трамп: „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“ се на страната на демократите
Американскиот претседател, Доналд Трамп ги обвини „Твитер“, „Фејсбук“ и „Гугл“ дека се пристрасни и ја поддржуваат политиката на неговите противници, демократите.
Тој тоа го напиша на „Твитер“, истовремено обвинувајќи ја компанијата дека поставува препреки пред корисниците кои сакаат да ги следат неговите постови.
„’Фејсбук’, ‘Твитер’ и ‘Гугл’ се толку ангажирани во корист на демократите, што дури е смешно“, напиша Трамп.
Тој уште во август тврдеше дека социјалните мрежи, како и „Гугл“ имаат нефер третман кон републиканците и конзервативните Американци што, како што кажа, го почувствувал на негова кожа.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: