ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп: Среќен сум што Твитер сега е во разумни раце

Илон Маск вети дека ќе го одмрзне на неодредено време блокираниот налог на Трамп на Твитер

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп го поздрави преземањето на Твитер од страна на Илон Маск, изјавувајќи денеска на својата социјална мрежа Трут соушл, дека е „многу среќен што Твитер сега е во разумни раце“.

Трут соушл е многу помала копија на Твитер.

По преземањето, Илон Маск вети дека ќе го одмрзне на неодредено време блокираниот налог на Трамп на Твитер, што беше замрзнат поради стравувања за насилно поттикнување на толпа поддржувачи која упадна во американскиот Капитол лани на 6 јануари. Налогот на Трамп на Твитер заклучно денеска е се уште неактивен.

Поранешниот републикански претседател рече дека и да го молат, нема да се врати на Твитер, но некои негови оветници изјавиле за весникот Вашингтон пост дека се сомневаат дека Трамп ќе се воздржи. Маск рече дека на следните избори ќе гласа за републиканците.

Популарната социјална мрежа, која сега е во целосно сопствеништво на милијардерот Маск, секојдневно е користена од речиси 400 милиони корисници. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.