Трамп синоќа го предупредил Иран за можен напад и барал разговори, Иранците одбиле
Ирански функционери за Ројтерс денеска рекле дека Техеран ноќва добил порака од американскиот претседател Доналд Трамп преку Оман, предупредувајќи дека нападот на САД врз Иран е неизбежен.
Во својата порака, Трамп рече дека е против каква било војна со Иран и дека сака да разговара со Техеран за разни прашања… тој даде краток временски период за да добие наш одговор, но првичниот одговор на Иран беше дека врховниот лидер (ајатолахот Али) Хаменеи треба да одлучи за ова прашање“, рекол еден од функционерите за Ројтерс под услов на анонимност.
Вториот функционер рекол: „Ние јасно ставивме до знаење дека лидерот е против какви било разговори, но дека пораката ќе му биде пренесена за да донесе одлука… Меѓутоа, му рековме на официјалниот претставник на Оман дека секој напад против Иран ќе има регионални и меѓународни последици“.
Во четвртокот беше објавено дека Доналд Трамп одобрил воена операција против Иран, по соборувањето на американското шпионско беспилотно летало, но дека додека авионите веќе биле во воздух, ја сменил одлуката