ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп се изјасни за невин, обвинува за политички прогон

Mandatory Credit: Photo by Jacquelyn Martin/AP/REX/Shutterstock (10144004f) President Donald Trump speaks during a meeting with former U.S. hostage in Yemen, Danny Burch, in the Oval Office of the White House in Washington Trump, Washington, USA - 06 Mar 2019

Доналд Трамп се изјасни за невин по уште едно федерално обвинение, овој пат за обид да ги поништи изборните резултати.

Пред судот во Вашингтон, поранмешниот американски претседател обвини дека е цел на политички прогон бидејќи е главен кандидат на републиканците на изборите следната година. Трамп е обвинет за заговор за измама, за одземање на избирачкото право на гласачите и за спречување на мирен трансфер на власта.

Следното рочиште е закажано за 28 април, а доколку во меѓувреме Трамп открие информации за случајот, веднаш ќе биде уапсен.

„Ако не можете судски да ги процесирате, тогаш прогонувајте ги. Ова е многу тажен ден за Америка, а исто така беше многу тажно да се вози низ Вашингтон и да се види нечистотијата и распаѓањето. Ова не е местото од каде заминав.“ – рече Трамп.

Во меѓувреме, се повеќе поранешни соработници на трамп се јавуваат со обвинувања против поранешниот американски претседател. Еден од неговите советници за националнта безбедност, Џон Болтон, го обвини Трамп дека сите одлуки кои ги носел како претседател биле само за да постигне одредена лична корист. Според Болтон, адмнистрацијата во Вашингтон со крајни сили успевала да ги исправи сите штетните потези кои ги направил во четиригодишниот мандат.

Против Трамп веќе се водат неколку судски процеси а најновото обвинение е второ на федерално ниво. Трамп во изминатите месеци беше обвинет во два други случаи: плаќање на мито на порно ѕвезда како и земање и нелегално чување на тајни, државни документи. Доколку биде осуден, 77 годишниот Трамп го чека долгогодишна затворска казна.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.