Трамп се заканува: Ќе ја напуштиме Светската трговска организација

Доналд Трамп повторно се заканува дека неговата земја ќе ја напушти Светската трговска организација.
Главна причина за овој потег е тоа што според Трамп оваа организација ја преферира Кина на штета на САД.
-Ќе ја напуштиме организацијата ако треба, рече американскиот претседател за време на посетата на една фирма во Пенсилванија.
-Не мачат со години и тоа веќе нема да се случува, рече Трамп.
На Трамп не му е прв пат да се заканува дека ќе ја напушти организацијата, тој и за време на својата предизборна кампања организацијата ја нарекуваше „застарена“.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: