ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп се закани со вонредна состојба за да го изгради ѕидот кон Мексико

Или одобрување пари за изградба на ѕидот кон Мексико или прододлжение блокадата на владата до недоглед.

Трамп им објави војна на демократите, предупредувајќи дека ако е потребно ќе прогласи вонредна состојба за да го заобиколи Конгресот и да го изгради ѕидот. Состојбата ескалираше откако демократите го одбија неговото барање за финансирање на неговиот граничен проект, а Трамп го блокираше законот за буџетот на владата.

Секако, можам да прогласам вонредна состојба заради безбедноста на земјата. Можам да го направам тоа, не сум го направил тоа, но можам. Можеме да прогласиме вонредна состојба и да го изградиме ѕидот многу брзо, изјави Доналд Трамп, претседател на САД

Му рековме на претседателот дека ни е потребно владата да биде отворена. Тој го одби тоа. Тој всушност рече дека ќе ја држи владата затворена долг период, со месеци, дури и со години, изјави Чак Шумер, лидер на демократите во Сенатот

Владата е делумно затворена веќе трета недела, а Трамп се закани дека е подготвен тоа да трае со години. 800.000 федерални работници се без плата од 22 декември. Погодени се девет секретаријати, а нивните вработени се или на принуден одмор, или доаѓаат на работа, но без плата. По преземањето на мнозинството во Претставничкиот дом, демократите изгласаа закон за повторно отворање на владата, кој вклучува и буџет за безбедност на границите од 1,3 милијарди долари. Но, за да стапи на сила, законот мора да помине и во Сенатот и да биде потпишан од Трамп.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.