ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп продолжи да објавува на Твитер откако му беше одблокиран профилот

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, продолжи со објавување на Твитер откако неговиот профил му беше блокиран 12 часа, пренесува ТАСС.

Американскиот лидер објави видео обраќање во кое ги осуди немирите во Вашингтон, наведувајќи дека во скоро време ќе се фокусира на трансферот на власта на Џозеф Бајден.

Во средата, Трамп ја изгуби можноста да објавува на Твитер најмалку 12 часа поради прекршувања во текот на немирите во Вашингтон. Тој исто така не може да објавува на Фејсбук и на Инстаграм сè додека не му истече мандатот, а профилите му беа блокирани и на Твич и на Снепчет.

На 6 јануари, приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за да спречат одобрување на резултатите од последните претседателски избори на 3 ноември на кои победи демократскиот кандидат Џо Бајден.

Полицијата и специјалните единици набрзо ја ослободија зградата на Капитол од демонстрантите, а пратениците беа во можност да го продолжат и успешно да го завршат процесот на потврда на Бајден за шеф на државата. Според последните податоци, во протестите загинаа четири демонстранти и еен полицаец, а приведени се речиси 70 лица.

Церемонијата на инаугурацијата на Бајден е планирана за 20 јануари 2021 година.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.