Трамп: Примирјето меѓу Турција и курдските сили се одржува
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примирјето меѓу Турција и курдските сили во Сирија се одржува и покрај некои престрелки. Тој порача и дека американските сили во Сирија најпрвин ќе бидат распоредени во различни области, но и дека наскоро ќе бидат вратени дома.
Трамп на средба на неговиот кабинет во Белата куќа истакна и дека САД никогаш не им дале гаранција на Курдите дека треба да останат во регионот 400 години, а тие да ги заштитуваат. Договорениот прекин на огнот истекува утре.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: