ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп: Нашата војска се враќа дома, соседите на Сирија ќе се погрижат за ИД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, порача дека американската војска после седум години се враќа дома од Сирија каде што требаше да остане само три месеца.

„Кога бев избран за претседател Исламската држава дивееше. Сега ИД е воглавно поразена и другите земји од окружувањето, вклучувајќи ја и Турција, би требало да можат лесно да се погрижат за тоа што преостана. Се враќаме дома“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој додава дека Белата куќа напорно работи и дека вестите за блокада во администрацијата и за Сирија се воглавно лажни.

„Преговараме со демократите за очајно потребната погранична безбедност (банди, дрога, криумчарење луѓе и друго), но тоа би можело да потрае“, наведе Трамп.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.