Трамп кажа дека „секогаш има шанса“ за војна со Иран (ВИДЕО)

Mandatory Credit: Photo by Jacquelyn Martin/AP/REX/Shutterstock (10144004f) President Donald Trump speaks during a meeting with former U.S. hostage in Yemen, Danny Burch, in the Oval Office of the White House in Washington Trump, Washington, USA - 06 Mar 2019

Откако беше притиснат од Морган за сѐ поголемите тензии со Иран и можноста од избовање војна, Трамп призна дека ниедна опција не е исклучена.
Американскиот лидер кажа дека „многу повеќе би сакал да разговара“ со Иран, но дека сите неопходно активности ќе бидат преземени за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.
„Единственото нешто што не можеме да им дозволиме да го имаат е нуклеарно оружје. Знам многу за нуклеарното оружје. Јас сум тој што е истрениран и многу учам за тоа“, кажа Трамп.
Тој зборуваше и за „огромната одговорност“ на тоа што е одговорен за американскиот нуклеарен арсенал, но истакна дека тоа е одговорност со која е „подготвен да се справи“.
Интервјуто беше прикажано на последниот ден од посетата на Трамп на Британија. Американскиот претседател се труди да ја добие поддршката од Лондон и другите европски сојузници за нови санкции против иранскиот режим, откако еднострано ги повлече САД од историскиот нуклеарен договор со Иран од 2015 година.
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран растат, заедно со американското воено присуство на Блискиот Исток како „предупредување“ до Иран. САД ги обвинија Иранците дека коваат заговор за напад врз соседни земји и саботирање на неколку нафтени танкери покрај брегот на Обединетите Арапски Емирати, без да дадат докази за тврдењата.
Техеран ги отфрла обвинувањата, но предупреди дека е подготвен да се брани против американската воена агресија. Соопшти и дека е подготвен да преговара, но дека „преговорите со ѓаволот“ ќе бидат без резултат.