ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп до Ердоган за Сирија: „Твоја е. Ние завршивме“

Американскиот претседател Доналд Трамп на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рече дека САД „завршија“ со Сирија, додека двајцата разговарале за можното повлекување на американските сили од земјата.

Ердоган ги објаснувал сите проблеми поврзани со присуството на САД во Ирак и Сирија и го иритирал Трамп, според висок официјален административен претставник кој добил детален транскрипт од телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.

„Добро, твоја е. Ние завршивме“, кажал Трамп, според извор, објави Си-ен-ен.

Трамп во средата ја објави својата одлука за повлекување на силите од Сирија.

Ердоган ја образложил својата страна на Трамп за време на повикот од 14 декември дека САД треба да се повлечат од Сирија истакнувајќи дека ИСИС е речиси целосно поразен во земјата, според друг извор запознаен со повикот. Претседателот потоа од Ердоган побарал уверување дека Турција ќе продолжи да се бори против ИСИС и ќе ја порази терористичката група.

Висок претставник од Белата куќа изјави дека Ердоган на Трамп му „ветил“ дека Турција ќе ги докрајчи ИСИС.

„Во повикот од петокот, Ердоган на претседателот му кажал: „Всушност, како твој пријател, ти го ветувам тоа“, изјави висок официјален претставник на Белата куќа.

Ердоган во говорот од минатиот петок својот разговор со Трамп го опиша велејќи дека му рекол на Трамп дека тие можат да ја исчистат Сирија од ИСИС.

„За време на разговорот со Трамп – тој рече: ‘ИСИС, можеш ли да ги исчистиш ИСИС од областа?’“, раскажа Ердоган. „Го направивме тоа и претходно, и можеме повторно се додека имаме логистичка поддршка од вас“.

„И така тие почнаа да се повлекуваат“, рече Ердоган.

„Во рамки на телефонскиот разговор што го водевме со Трамп, почнавме да подготвуваме планови за операции да ги расчисиме ИСИС-елементи што сѐ уште се наоѓаат во Сирија“, додаде тој.

Асошиетед прес први објавија некои детали од телефонскиот повик.

Трамп и Ердоган во неделата повторно водеа телефонски разговор, при што разговарале за конфликтот во Сирија, објавија двете земји.

„Само што имав долг и продуктивен разговор со претседателот Ердоган од Турција. Разговаравме за ИСИС, за нашето взаемно учество во Сирија и за бавното и висо координирано повлекување на американските трупи од областа. По многу години тие се враќаат дома. Разговаравме и за проширување на трговијата во голема мера“, напиша Трамп на Твитер.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.