ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп до Ердоган: Го разгледуваме прашањето за екстрадиција на Ѓулен

Американскиот претседател Доналд Трамп му рече на Реџеп Таип Ердоган дека се разгледува прашањето за екстрадиција на опозицискиот исламски проповедник Фетула Ѓулен.

Трамп ова му го кажа на турскиот претседател на состанокот во рамки на Г20 во Буенос Аирес, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пренесе Ен-би-си њуз.

„Во Аргентина, Трамп му рече на Ердоган дека работат на екстрадицијата на Ѓулен и други лица“, рече Чавушоглу на конференцијата во Доха, мислејќи на самитот Г20 каде двајцата лидери се сретнаа пред две недели.

Турските власти го обвинуваат движењето на Ѓулен ФЕТО за вмешаност во обидот за државен удар во јули 2016 година.

Самиот Ѓулен, кој се наоѓа во САД, го осуди ударот и ги негира обвинувањата. Турција бара од САД да го екстрадираат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.