Трамп ги прекрши древните правила на сумо борењето во Јапонија (ФОТО)
Американскито претседател Доналд Трамп денеска беше на сумо турнир, на голф и на скара како дел од официјалната посета на Јапонија.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе се потруди Трамп со сопругата Меланија да си поминат незаборавно во неговата земја.
Заедно одиграа партија голф и се сликаа селфи , како најдобри пријатели. Потоа отидоа и на скара.
Но , централниот настан беше турнирот во сумо борење , што има илјадагодишна традиција и строги правила. Американскиот претседател и првата дама седеа во царската ложа , што е забрането , зашто таму седат само членови на царското семејство.
Трамп требаше да седне на под меѓу публиката , но очигледно американскиот гостин доби царски привилегии. Исто така , една од најстрогите забрани се однесува на теренот каде се борат сумо борачите. На татамито може да се гази само бос.
Но , при доделувањето на големиот пехар на победникот, претседателот Трамп остана обуен со чевли.