ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп ги обвини демократите дека продолжуваат со „ловот на вештерки“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини во средата своите противници од Демократската партија дека ја занемаруваат својата неопходна работата во парламентот и повеќе се насочени на продолжувањето на нивниот „лов на вештерки“, особено сега за можните прекршоци во текот на претседателската кампања во 2016 година.

„По две годiни темелен и скап лов на вештерки, демократите не се задоволни од резултатите и бараат обновување на процесот. Со други збориви, ловот на вештерки продолжува“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.

Трамп алудира на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводното руско мешање во американските избори во 2016 година врз основа на обвинувањата на демократите за наводен договор меѓу неговата кампања и Русија и за наводните негови обиди да го спречи продолжувањато на тие испитувања.

Специјалниот обвинител во својот извештај истакна дека немало заговор меѓу кампањата на Трамп и Москва, но многу демократи продолжуваат со своите наводнi истражувања против претседателот откако освоија мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот, оправдувајќи го тоа со наводно нејасните подрачја кои се откриени со извештајот.

Но оваа стратегија би можела да им се врати како бумеранг на опозициските деморкати со приближувањето на претседателските избори во 2020 година, бидејќи Сенатот е со републиканско мнозинство I речиси ги острани сите шанси за отповикување на претседателот Трамп. А тој ќе го искористи тоа време за обвинувања против демократите за неработење и стерилни препукувања, спротиставувајќи им се со својот извонреден економски биланс.

„Демократите ништо не работат во Конгесот. Единствено се занимаваат со побивање на извештајот на Мјулер, со ловот на вештерки… Злоставување на претседателот“, напиша уште Трамп на Twitter.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.