ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп ги негира германските обвинувања, исчезнувањето на 200 000 маски останува мистерија

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата за „пиратство“ за наводната заплена на 200.000 респираторни маски наменети за Берлин, кои исчезнаа среде глобален недостиг за време на пандемија на коронавирус.

Министерот за внатрешни работи на Берлин, Андреас Гисел, во петокот рече дека биле запленети медицински маски од американски официјални претставници во Тајланд и ги обвини САД за „модерно пиратство“ и „методи на Дивиот Запад“.

„Немаше никаков чин на пиратство, сосема спротивно“, рече Трамп вчеравечер.

Германските власти прво рекоа дека нарачале маски од американска компанија и наведоа дека станува збор за вкупно количество од 3 милиони, но официјалните лица подоцна изјавија дека станува збор за германски трговец.

3М претходно објави дека нема индикации дека се запленети маските и дека ДПА соопштила дека не поседува никакви документи за пратката на маските до Берлин.

Берлин вчера објави дека сè уште се обидува да открие што се случило со нарачката за маски  ФФП2, што веќе биле платени.

„Работиме на разјаснување на деталите“, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи Мартин Палген.

Палген вели дека не е јасно што навистина се случило на аеродромот во Бангкок.

Тој рече дека берлинската полиција нарачала и платила 400.000 медицински маски од германски трговец, а не од американска компанија.

Наводите за заплена на маските во Бангкок ги пријавил трговецот, според портпаролот. Компанијата исто така соопшти дека авионот со маски го напуштил Бангкок и летнал кон САД.

Трамп посочи дека станува збор за пратка од 3М кога го прашале за инцидентот. Тој и претходно ја критикуваше 3М за одбивање на барањето на администрацијата на Трамп да престане да извезува маски во Канада и Латинска Америка.

– 3М не ја третира нашата земја добро, треба да имаме своја компанија, – им рече претседателот на новинарите.

Во првата серија, 200 000 маски биле нарачани од Берлин, објасни Палген, додавајќи дека властите во Берлин, полицијата и трговецот се обидувале да откријат што се случило.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.