ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трамп: Ако десетина милиони чесни Американци ги наречеме расисти, нема да одиме напред

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека неговата најголема администрација повеќе влиожува во обука на полицајците и оценил дека САД не може да напраедуваат така што милиони Американци ќе бидат етикетирани како расисти.

Трамп после повеќе од две недели од почетокот на протестите поради полициската бруталност, предизвикани од смртта на Џорџ Флојд, оценил дека на САД им се потребни посилни полициски сили, пренесе синоќа Ројтерс.

Истакнал дека Америкацните се „добри и морални луѓе“.

„Мораме да работиме заедно за да се спротиставиме на нетрпеливоста и предрасудите, но нема да напредуваме ниту да ги излекуваме раните ако погрешно етикетираме десетина милиони чесни Американци како расисти или луѓе со предрасуди“, навел Трамп.

Тој во обраќањето повеќе пати ги пофалил полициските сили, а оние кои користат претерана сила ги нарекол „скапани јаболки“.

Тој оценил дека обидот за расно помирување ќе оди „брзо и лесно“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.