ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трагедија во Србија: тригодишно дете загина во пожар

Во трагичен начин, денеска, на улиИмено, додека малото дете спиело, во куќата од непозната причина избувнал пожар, а со оглед на тоа дека момчето било само, немало начин да се спаси.

Според информациите на српските медиуми, мајката на Е. Б., кога избувнал пожарот, била на пат кон училиштето, каде што ја однела својата деветгодишна ќерка заедно со синот (6). Иако обично го носи тригодишното момче да ја придружува сестра си во образовната институција, овој пат тоа не го направила, туку го оставила да спие.

За трагедијата да биде поголема, како што изјави дедото на момчето што загина во несреќата, на деветгодишното девојче сè уште не му е кажано дека го загубило братот.

„Инаку, девојчето е на училиште, не ни знае дека брат ѝ загинал“, рекол дедото по што во разговорот се вклучила една жена и додала: „Таа е веќе големо девојче, има девет години, ќе разбере што се случило, но не знам како ќе се справи со тоа“.

Таткото на момчето, идентификуван како С. Б. (28), потврдил дека излегол од куќата околу 7.30 часот, а неговиот син Е. Б., останал сам внатре. Противпожарната единица пристигнала предоцна за да го спаси малиот Е. Б. наоѓајќи го неговото безживотно тело. Пожарот ја зафатил бараката.цата Живана Паниќ во Железник загина тригодишното момче Е. Б..

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.