ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Трагедија во Романовце, загинаа три дечиња во екслозија на плинска боца

Трагедија го потресе кумановското село Романовце. Три малолетни деца загинаа во експлозија на плинска боца во куќа. Седуммина се повредени. По експлозијата на плинската боца избил пожар во домот на семејството Алими. Оваа инфомација ги вознемири жителите на Романовце. Тие утрово слушнале силна ексползија. Не паметат ваква трагедија.

ТАЏЕДИ ИНЕСАДИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА РОМАНОВЦЕ

„Ова е голема трагедија. Луѓето се шокирани. Жал ни е што се случи ова, ова е семејна трагедија што не може да се опише. Како живи суштества жалиме за вакви случаи. Дај Боже тие што останале да се спасат, а семејството да биде силно и да ја надмине оваа трагедија. Во иднина да внимаваме да не користиме вакви ризични средства каде за момент може да останеме без семејство, без куќа.“

СРЃАН БОШКОВСКИ, ГРАЃАНИН

„Сакам да донирам, да донирам што можам, ќе дадам се од себе, од срце, од душа.“

На терен интевенирале пет пожарникари со една цистерна. Од кумановската противпажарна информираат дека пожарот бил во една просторија, а го изгасиле за помалку од еден час. Увид направиле и од кумановското обвинителство. Беа и припадници на полицијата. Заменик министерот Агим Нухиу изрази сочуство. Тој нави помош за семејството.

АГИМ НУХИУ, ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО МВР

„Овде сме да изразиме сочувство за оваа голема трагедија за семејството Алими, за ова село и целото општество воопшто. Навистина е голема трагедија. Првите информации говорат за избувнат пожар од плинска боца, тоа се случило во 10 часот наутро. За жал имаме констатирано три жртви, познат е нивниот идентитет, станува збор за деца од 10 до 12 години…“

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.