Трагедија во Индонезија: Се урна авион со 189 патници и членови на екипаж
Авион на индонезиската компанија „Лајон ер“ (Lion Air) со 189 патници и членови на екипаж ноќеска се урна во море само неколку минути откако полетал од Џакарта.
Индонезиската авиокомпанија соопшти дека сосема новиот авион, кој се упатил кон Пангкал Пинанг на остров кај Суматра превезувал 181 патник, меѓу кои едно дете и две бебиња, како и осум членови на екипаж.
Агенцијата за катастрофи на Индонезије на Интернет објави фотографии од скршени телефони, уништени книги, багаж и делови од авионот кои ги собрале бродовите што учествуваат во спасувачката операција.
Индонезиската телевизиаа емитуваше снимки на кои се гледа излеано гориво и остатоци од леталото.
Пријателите и роднините на патниците се молат и чекаат на аеродромот во Пангкал Пинанг.
Националната агенција за пребарување и спасување соопшти дека околу 300 луѓе, меѓу кои и војници, полицајци и локални рибари учествуваат во потрагата и оти до сега не е пронајдено ниту едно тело, туку само лични предмети на патниците и остатоци од авионот.
Се работи за авион „Боинг 737 макс 8“ кој на „Лајон ер“ му бил испорачан во август.
Портпаролот на „Боинг“ изјави дека компанијата внимателно ја следи ситуацијата, но не даде детали за авионот.
Ова е втора најтешка авионска несреќа во Индонезија откако авион на „ЕрЕјжа“ од Сурабаја кон Сингапур се урна во у морето во декември 2014, кога загинаа сите 162 луѓе во леталото.
„Лајон Ер“ е една од најмладите и најголеми авиокомпании во Индонезија.