Тешко до нов договор за Брегзит; Џонсон: Спремни сме на сѐ!
Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика денеска Германија и Франција на компромис за Брегзит, наведувајќи дека неговата земја, ако затреба, ќе биде подготвена на 31 октомври да ја напушти Унијата без договор.
„Ќе бидеме подготвени за излез на 31 октомври, со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од другата страна на Каналот, не покажуваат доволно волја за промена на својот став и тоа е во ред, уверен сум дека ќе се држат до тоа“, изјави Џонсон.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: