Тетово: Средношколците ќе ја бојкотираат наставата поради загадувањето
Тетовските средношколци од наредната недела најавија дека ќе ја бојкотираат наставата, ако општината најдоцна за седум дена не започне да спроведува краткорочни и долгорочни мерки против аерозагадуавњето. Велат дека се одлучиле да протестираат, затоа што одговорните на чело со градоначалничката Теута Арифи не сакала да ги прими и сослуша младите кои бараат итни чекори за справување со загадениот воздух.
Денешниот протест заврши мирно и без инциденти, но учениците не добија никаков одговор или пак најава за прием и средба кај градоначалничката Арифи. Изостана и масовната поддршка, иако беше најавувана.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: