ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„Тетова Сот“: Заев коленичи пред Ахмети, не успеа да ги смени министрите на ДУИ

Македонскиот премиер, Зоран Заев, падна на колена пред Али Ахмети. Иако тој цело време зборуваше дека ќе го промени владиниот кабинет, па дури и министрите на ДУИ, не успеа да направи таква промена. ДУИ со одлука на Али Ахмети го отстрани само Хазби Лика, а другите не се ни допрени, анализира порталот ТетоваСот.

Инаку премиерот Заев од Валандово обелодени дека сменил само шест министри.

Нов министер за земјоделство, шумарство и водстопанство е Трајан Димовски, на местото на  Љупчо Николовски. Министер за животна средина и просторно планирање ќе биде Насер Нуредини, а ќе го замени Садула Дураку. Министер за култура е Хисни Исмаили, на местото на Асаф Адам, за министер за локална самоуправа е предложен Горан Милевски, наместо Сухејл Фазлиу, министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку.

Одреден период премиерот Зоран Заев лично ќе го води и Министерството за финансии по разрешувањето на Драган Тевдовски, потсетува порталот.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.