ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Терористички напад во две џамии во Нов Зеланд, убиени 49 луѓе

Брентон Тарант, 28-годишен Австралиец, расист и екстремен десничар со радикална анти-имигрантска идеологија, од денеска човек кој го изврши најсмртоносниот терористички напад во историјата на Нов Зеланд.

Пред двете џамии, Ал Нур и Линвуд за време на пладневната молитва пристигнува со автомобил, слушајќи по пат и српска песна, посветена на Радован Караџиќ. Ги зема двете автоматски пушки и го почнува злосторничкиот поход во мирното градче Крајсчрч, снимајќи го ужасот, кој самиот го пренесува во живо на социјалните мрежи.

-Носеша кацига и наочари. Беше облечен во војничко и носеше оружје, автоматско оружје M-16. .

-Имаше клупа. Јас само лежев под неа. Половина тело ми беше надвор од клупата, каде се криев. Се преправав дека сум мртов. Тој употреби седум шаржери. Само се слушаше пукање, изјави очевидец.

-Пукањето треаше околу шест минути. Можев да слушнам само лелеци и плачење, изјави очевидец

По масакрот, терористот се обидува да побегне со автомобил, но е спречен и уапсен од полицијата. Приведени се уште тројца, чија инволвираност не не е позната. Новозеландските власти утврдија дека се работи за човек инспириран од норвешкиот масовен убиец Брејвик, кој пред осум години уби 70 луѓе на островот Утоја. Идентично како и Брејвик, и Тарант го најавил нападот и објавил неонацистички манифест, во кој, алудирајќи на мигрантите, пишува дека нема да дозволи освојувачите да завладеат со светот, каде што живеат белци. Инспириран бил и од српските историски личности, како кнез Лазар и Милош Обилиќ, чии имиња биле испишани на оружјето.

-Ова е еден од најмрачните денови на Нов Зеланд. Повеќето од оние кои настрадаа, можеби се мигранти, можеби бегалци, кои одбрале Нов Зеланд да биде нивни дом, изјави Џесинда Ардерн, премиер на Нов Зеланд

Нов Зеланд лани беше прогласен за најбезбедна држава во светот, веднаш по Исланд.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.