Тереза може да добие поддршка за Брегзит
Ако има јасен временски лимит на заштитниот механизам за ирската граница, тогаш премиерот на Велика Британија Тереза Меј ќе добие поддршка за договорената од неа зделка за напуштање на ЕУ, открива лондонски”Сан”
ЕП нема да го одобри договорот за Брегзкит без мерка на претпазливост за Ирска .Групата го повикува Лондон да ја разјасни својата позиција.
Весникот истакнува дека испружената рака доаѓа од Демократската унионистичка партија на Северна Ирска. Таа одлучи да го поддржи договорот на Тереза Мај за Брегзит, објави Ројтерс.
Претходно во јануари, британскиот премиер катастрофално загуби во парламентот, во обид да го укине договорот за Брегзит.
Владата на Меј ќе го претстави алтернативниот план за Брегзит на 29 јануари, откако актуелниот договор е силно отфрлен од парламентот.
Досега, нема јасност за тоа што ќе бидат новите предлози, но Брисел јасно истакна дека нема да се преговара за главните параметри во договорот .