ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тереза Меј за нов Брегзит: Непоправлива штета

Британската премиерка Тереза Меј ќе ги предупреди пратениците за „непоправливата штета” што би можело да го предизвика одржувањето на втор референдум за Брегзит

Ќе ја изневериме довербата на британскиот народ преку организирање на нов референдум“ за Брегзит, ќе ги предупреди таа пратениците, пренесе Би-би-си.

Новиот референдум би „нанел неповратна штета на интегритетот на нашиот политички живот“, предупредува британската премиерка.

Таа смета дека со втор референдум не би се остварил никаков напредок, а земјата би се поделила во момент кога треба да се обедини.

Во 2016 година Велика Британија гласаше на референдум за напуштање на Европската унија, што треба да се исполни на 29 март следната година.

Во договорот постигнат меѓу Велика Британија и ЕУ се одредуваат условите за излез и вклучува декларација со нацрт на идните односи меѓу двете страни. Но, овој договор стапува на сила само ако британскиот и европскиот парламент го одобрат.

Тереза Мај има потешкотии да го убеди својот Парламент да го одобри договорот постигнат со европскиот во ноември за условите за разделба.

Минатата недела Тереза Меј го откажа гласањето за договорот за Брегзит и призна дека веројатно би бил отфрлен.

Премиерката навести дека британските пратеници ќе гласаат за договорот на почетокот од следната година, и не подоцна од 21-ви јануари.

Меѓу оние кои се залагаат за нов референдум се поранешните премиери Џон Мејџор и Тони Блер.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.