ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тензично на Косово-апсења и протести во Митровица-трговската војна прераснува во безбедносен проблем

Тензична атмосфера меѓу Белград и Приштина. По едностраната одлука на косовската влада за воведување повисоки увозни царини за сто отсто за производите од Србија, денеска пукотници и сирени за тревога ги разбудија жителите на Косовска Митровица, а голем број граѓани излегоа на улиците.

Кратко потоа србите од Косовска Митровица, Грачаница и Штрпце излегоа на улица но да протестираат против зголемувањето на царините за српските производи. Целиот хаос Косовската полиција го искористи за акција но не за смирување на тебнзиите, туку за апсење на осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ. Во акција на косовските специјалци успени се четвиорица срби кои завршија во притвор. Нивните семејства реагираат дека полицијата била насилна:

Во Белград аларм. Српскиот претседател Александар Вучиќ ги свика сите безбедносни структури. Вечерва има и вонредна владина седница. Вучиќ предупреди дека дека Србија никогаш не била во полоша ситуација, но како што вели и натаму ќе продолжи да се однесува сериозно и одговорно. Сепак, немало повеќе причини да имаат доверба во Мисијата КФОР, односно НАТО на Косово. Претседателот на косовското собрание Кадри Весели рече дека одлуките на косовските институции имаат за цел за спречување на деструктивноста на Србија против институциите на Косово и дека нема да дозволи кршење на интегритетот на Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека одлуката за зголемување на царините ќе остане во сила до постигнување на целта на косовската Влада, а тоа е признавање на Косово од страна на Србија.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.