Тензии во ИВЗ: Бузаку му даде рок од 72 часа на Реџепи да ја напушти ИВЗ
Скендер Бузаку на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи му даде рок од 72 часа да ја напушти ИВЗ, во спротивно рече дека ќе објави докази за криминалното работење на Реџепи. Тој постави и часовник пред влезот на ИВЗ кој одбројува до истекот на ултиматумот.
„Имам порака до Реџепи. Ослободи ја ИВЗ за 72 часа. Ако не дадеш оставка и не се повлечеш од ИВЗ ние имаме докази за тешки кривични дела кои ќе ги објавиме доколку не се почитува овој ултиматум“, рече Скендер Бузаку.
Бузаку рече дека Реџепи ја узурпирал ИВЗ од 2011. Тој ги повика сите теолози и професори кои од ИВЗ ги избркал Реџепи да се вклучат во ИВЗ. За оние кои сега работата таму, рече дека ако биле чесни немало да ги брка од работа.
Бузаку нагласи дека не може да влезе во ИВЗ, бидејќи полицијата го чува објектот.
Тензии во ИВЗ имаше и во април годинава кога во единствениот судски регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи како нов поглавар на Исламската верска заедница беше запишан Скендер Бузаку од Скопје. Бузаку тогаш бараше да се почитува Законот, но по неколкудневни расправии, Реџепи продолжи да раководи со ИВЗ. За Реџепи, Скендер Бузаку е отпадник од ИВЗ, а за судската одлука рече дека била донесена под влијание на власта