ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Телефонски разговор Пендаровски – Радев

Владата е категорична дека нема потреба од нов договор или анекс на договорот од 2017 година за спорот со Бугарија. По вчерашната видео конференциската врска меѓу Борисов и Меркел, денеска се очекува  да се одржи телефонски разговор помеѓу Заев и германската канцеларка Меркел.

Претходно телефонски разговор имаа и претседателите на двете земји Румен Радев и Стево Пендаровски. Иако не беа откриени многу детали од овој разговор, во соопштението се наведува дека претседателите разговарале за можноста за постигнување трајно решение за европскиот пат на земјата. Но, Радев еден ден претходно отворено ги соопшти своите ставови. Тој рече дека разликите меѓу Скопје и Софија треба да се решат преку нов договор што ќе биде правно обврзувачки. Радев исто така рече дека отворањето на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ треба да се одложи.

„Очекувам бугарската влада да се обиде да ја вклучи во 35-то поглавје од рамката за преговори за Република Северна Македонија, Националната рамка одобрена од Националното собрание пред една година. Сепак, се чини дека ова нема да се случи, така што постои излез – одложување на преговорите додека не се постигне обврзувачки билатерален договор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија за решавање на сите билатерални прашања“, рече Радев.

Неофицијално, условите на Софија за почеток на преговори не се дел од предложената рамка за преговори, што Германија го достави за одобрување до амбасадорите на земјите-членки.. На 10 ноември министрите за надворешни работи на ЕУ треба да ја усвојат одлука за отворање или не на преговори со Македонија.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.