ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тевдовски: Ќе ги разгледаме барањата за обложувалниците и коцкарниците

Министерството за финансии ќе направи детална анализа на барањето на граѓаните казината и спортските обложувалници да се дислоцираат на три километри од населените места. Ова е краткиот одговор на министерот за финансии Драган Тевдовски откако минатата недела група грѓани демонстрираа во Тетово и бараа од премиерот да се подготви национална стратегија за едукација од штетите од коцкањето. Министерот Тевдовски поопширно зборуваше за тоа дека годинава е направен сет на десет реформи за подобар систем на јавни финансии. Кажа и дека иако со ребалансот се обезбедени три милијарди денари за долговите на локалната самоуправа, општините допрва ќе почнат да се раздолжуваат.

И сега они според Законот кој што исто така беше изгласан во Собранието ќе бидат во постапка за таа поддршка за да може да ја користат“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Околу воведувањето на прогресивниот данок кој стартува од 1 јануари, за што дел од компаниите се уште не се софтерски подготвени, министерот тврди дека се ќе биде на време бидејќи Македонија претходно го имала овој систем. Една од новините за следната година која ја најави министерот е зголемување на безготовинското плаќање. Министерот истакна дека со законски измени кои што беа направени годинава, од јуни 2019 година во готово ќе може да се плаќа само до сума во иснос од 500 евра. Вели дека институциите допрва ќе се обучуваат да обезбедат такви услуги.

Имавме подготвено измени кои поминаа во Собранието и се во сила со кои се лимитира плаќањето во кеш и тоа значи дека државата ќе има поголема контрола“, додава Тевдовски.

Како дел од успесите во изминатата година министерот ги наброја дека успеале да го стават под контрола јавниот долг, а владата направила и системско решение за заостанатите долгови на претходната влада. Според Тевдовски годинава ја одбележале растот на платите, намалувањето на невработеноста, како и враќањето на довербата кај инвеститорите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.