Тачи: Трамп 100 проценти поддржува договор со Србија
Претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Косово Хашим Тачи се сретнаа во Париз каде сеодржува стогодишнина од крајот на Првата светска војна. Тачи на социјалната мрежа објави дека во саботата вечер имал, како што наведе, одлична средна со американскиот претседател.
Тачи на Твитер анпиша дека Трамп изразил целосна поддршка за постигнување на договор меѓу Косово и Србија.
„Синоќа имав одлична средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој изрази 100% поддршка за законски обврзувачки договор меѓу Косово и Србија. Благодарен сум за неговата и поддршката на САД“, напиша Тачи.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: