ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тачи за Курти: Ако не е подготвен, негово право е да одбие да формира влада во Косово

„Волјата на народот во Косово е поголема од секој лидер и волјата да се движат работите напред и побрзо е поголема од држењето во заложништво на еден народ. Ако не е подготвен, негово право е да го одбие“, изјави Тачи.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека адресата за решавање на кризата во која се наоѓа земјата е кај победничката партија на изборите, Движењето Самоопределување.

– Решението кое го потпишав, со кое Албин Курти е мандатар за формирање на влада е во мојата канцеларија и чека. Тоа што треба да се случи е почитување на волјата на граѓаните на Косово која беше изразена на изборите. Адресата за решавање на оваа криза сѐ уште е кај политичките партии, сѐ додека не се помине во следна фаза кај претседателот на државата – рече Тачи.

Според него, Косово нема долго време за чекање и нема да биде блокирано.

– Волјата на народот во Косово е поголема од секој лидер и волјата да се движат работите напред и побрзо е поголема од држењето во заложништво на еден народ. Ако не е подготвен, негово право е да го одбие – изјави Тачи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.