Таткото на прободениот полицаец моли за помош
Таткото на полицискиот службеник кој беше избоден со нож преку Фејсбук моли за помош.
Гоце Филиповски на Фејсбук неодамна објави дека неговиот син е пуштен од болница каде повеќе од една недела се бореше за живот.
„За многу Македонци е најважно сега дали ќе биде Пендаровски или Силјановска, мене ми е најважно син ми Филип да ја добие битката за живот“, напиша Филиповски.
Филиповски пишува и дека неговиот син треба да прими две вакцини кои ги немало во Македонија и затоа морал да оди во Грција.
Момчето беше пpoбодено во дискотека во Марино. Како извpшитeли на нaпaдoт биле пocoчени две деца, од кои едното син на поранешниот градоначалник на Петровец и сегашен висок функционер во МВР, Ѕвонко Цветковски.