ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тарифните блокови за струја, политичка мерка за гласачите

Тарифните блокови за струја, политичка мерка за гласачитеВладината мерка за воведување на тарифни модели за плаќање на електрична енергија е чисто политичка, со цел да им се помогне само на одредена група на граѓани, вели Константин Димитров, експерт по енергетика. Тој смета и дека во една ваква ситуација стопанството е заборавено.

Се прави нееднаквост, демек тие што помалку трошат, помалку ќе платат, што е спротивно на економската логика за секогаш да му даваш поевтина цена, на тој што купува повеќе, што троши повеќе. Политичка мерка е затоа што се помага на домаќинствата, затоа што тука е гласачката машина“, рече Константин Димитров, Експерт за енергетика.

Според Димитров, фирмите се оставени сами да се снаоѓаат и се оставени без помош при снабдувањето со струја.

„Стопанството е пуштено низ вода, да пропадне. Нема никаква помош на стопанството во секторот енергетика, а тие го создаваат бруто националниот доход. Ако ние не му помогнеме на стопанството, тоа плаќа многу скапа електрична енергија. Веднаш ќе поскапи лебот, ќе поскапи секој друг производ“, додаде Константин Димитров, Експерт за енергетика.

Но, од ЕСМ уверуваат дека ќе произведуваат доволно струја за да нема увоз на скапа енергија од странство.

„А.Д. ЕСМ, како најголема државна компанија за производство на електрична енергија, произведува доволно количество на електрична енергија, согласно потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум“, рече Васко Ковачевски-директор на ЕСМ.

Инаку, Димитров како тотално погрешен чекор за домашната енергетика, ги оценува, вложувањата во странство во терминалот за течен гас и термоцентралата Александрополис во Грција, како и давањето под концесија најдобрите локации за производство на енергија од ветер на приватници, затоа што тие потоа на државата ќе ѝ ја продаваат по берзанска цена.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.