ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Таравари: Факт е дека постои мито во здравството, ги охрабрувам сите да пријавуваат

Здравствените работници да бидат професионални и коректни-акциите за евентуални злоупотреби од страна на медицинскиот кадар ќе продолжат, порача денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Во Министерството за здравство биле пристигнати повеќе пријави од граѓани на кои им е побарано мито од лекар или медицинско лице. Вчера Обвинителството побара притвор за хирург од битолската болница кој примил мито за да изврши операција кај пациент. Здравствените власти ги осудуваат ваквите злоупотреби од страна на здравствените работници.

Арбен Таравари-министер за здравство:

„Добиваме информации меѓутоа и пријави во министерството за здравство, ги информираме директорите и веќе има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случува злоупотреби во тек на редовно работното време. Ние го даваме нашиот максимум-вработувања, колективен договор, покачување на плати, бараме и од медицинскиот персонал, медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност како што треба. За Битола имам точни информации, директорката пред неколку дена беше известена од моја страна за одредени жалби за еден доктор. Вакви акции секако дека ќе продолжат.“

Министерот Аребен Таравари ги охраби сите оние кои ќе забележат неправилности да пријават.

Арбен Таравари-министер за здравство:

„Непобитен факт е дека постои мито. Меѓутоа, треба да се докаже и да има некаква судска пресуда, а не само да зборуваме. Јас ги охрабрувам сите коишто имаат факти да ги донесат или кај нас или во МВР или кај раководителите на клиниките.“

За кризата на Онкологија со дел од биолошката терапија, министерот информираше дека до крајот на следната недела очекува сите пациенти да бидат покриени со потребните лекови. Таравари вели дека се гасат пожари во здравството поради јавните набавки кои претходно биле направени. Тврди дека се работи на тоа во иднина да не се повторуваат вакви проблеми.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.