ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Талибанците го ограничија пристапот до аеродромот во Кабул

Талибанците денеска во голема мера го ограничија пристапот до аеродромот во авганистанската престолнина Кабул, објави Асошиејтед прес.

Исламистичкото движење, кое ја презеде власта во земјата пред две недели, распореди дополнителни борци во реонот за да спречи формирање толпи на луѓе.

Од денеска на улиците што водат кон аеродромот има нови контролни пунктови, а со повеќето од нив раководат талибански борци во униформа и воени џипови.

Во нападот во четвртокот загинаа 169 Авганистанци и 13 американски војници. Се стравува дека авганистанскиот огранок на Исламска држава, кој се смета за многу порадикален од Талибанците, би можел повторно да нападне.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.