ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Тажен ден во Македонија, пристигнаа телата на загинатите во Бугарија

Тажен ден во Македонија. Телата на 45 наши сограѓани, роднини, пријатели, другарчиња, пристигнаа со два авиона од Софија.

Со едноминутно молчење започна преземањето на посмртните останки на загинатите 45 македонски државјани, од кои 12 се деца, во автобуската несреќа на патот Струма во Бугарија. Два воени транспортни авиони пристигнаа од Софија, на пречекот спроведен со државни протоколи на кој освен официјални делегации присуствуваа и дел од семејствата на загинатите. Припадници на АРМ ги пренесуваа ковчезите од авионите додека семејствата ги следеа со солзи во очите.

Членови на семејствата на загинатите рано утринава пристигнаа на аеродромот. Дамир Османов од скопската населба Сингелиќ загубил петмина членови на своето семејство. Се надева дека истрагата ќе им ги даде одговорите за причините за несреќата.

Откако беа преземени телата на барање на семејствата телата беа пренесени кон домовите и вечните почивалишта. Идентитетот на загинатите се уште официјално не е соопштен..

Истовремено со преземањето на телата на загинатите на аеродромот, граѓани им оддаваа последна почит и на плоштадот Скендербег.

На пренесувањето на телата на жртвите на скопскиот аеродром присуствуваше и висока државна делегација во која беа претседателот Пендаровски и премиерто Заев. Имаше и странски делегации меѓу кои и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Собранието на Албанија, Линдита Никола.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.