ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

СЈО ги пакува предметите за трансфер кај Јовески

Специјалното обвинителство ги пакува предметите за да му ги предаде на државниот обвинител Љубомир Јовевски. СЈО и официјално извести дека се подготвени да ги отстапат случаите, заедно со списите, доказите и прислушуваните материјали. Специјалните обвинители се оптимисти – велат – СЈО е сè уште живо и се надеваат дека ќе се најде законско решение за да продолжат да работат.

„СЈО сè уште постои, сè уште функционираме по законот за СЈО до септември 2020 – та година постои, така што верувам дека ќе најдат начин, уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение“, рече Ленче Ристовска, Обвинителка во СЈО.

Неизвесната судбина на СЈО, предизвикува грижа кај техничкиот персонал во обвинителството. Напишаа писмо до американската и холандската амбасада, до евроамбасадорот Самуел Жбогар и до државниот врв. Стравуваат дека од понеделник ќе останат без работа. Обвинителите тврдат дека водат сметка и за иднината на техничкиот персонал.

„Се бориме за сите вработени и за истражителите и за вработените“, додава Ристовска.

Адвокатите на обвинетите во случаите на СЈО и денеска посочија дека во судница не може да застапува обвинение обвинителка која е во притвор.

„Кој ги води тие предмети? Човек кој е во притвор. Законот за СЈО е така конципиран да само еден човек има овластување. Другите имаат овластувања само за процесни дејствија во судница, никакво друго процесно дејствие не можат да преземат“, рече Еленко Миланов, адвокат.

Адвокатите на обвинетите во „Талир“, случај за евентуалното незаконско финансирање на ВМРО – ДПМНЕ, денеска побараа и добија одлагање на рочиштето. Посочија дека обвинението не може да го застапува обвинителка која е во притвор и осомничена за криминал. „Талир“ е обвинение поднесено по 30 јуни 2017 година и токму овие обвиненија и истраги покренати по законскиот рок што го имаше СЈО за таа постапка, се тема на преговори помеѓу власта и опозицијата.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.