ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Судскиот совет доби нов претседател

Врховниот судија Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет. Со 12 гласа, едногласно беше избран на позицијата. Во духот на претседателските избори, членовите на оваа тело гласаа тајно, зад параван, а ливчињата ги ставаа во изборна кутија.

Откако гласањето и изборот заврши, Здравев во првата изјава во својство на Претседател на Судскиот совет, беше резервиран по однос на извештајот на СЈО дека четворица судии – Јово Вангеловски, Светлана Костова, Софија Лаличиќ и Александра Зафировска работеле по политички диктат. Не даде конкретен одговор што ќе преземат. Најави дека од есен ќе почнат да ги работат претставките за несовесно постапување на судии поднесени до советот.

„Сè што е покренато пред Судскиот совет како постапка за утврдување на одговорност на било кој, не зависно дали е судија, претседател на суд, уште повеќе член на Судски совет, Претседател на Судски совет, тие постапки мораме да ги завршиме“, рече Киро Здравев, Претседател на Судски совет.

За заменик-претседател на Судскиот совет, членовите го избраа Селим Адеми. Нему мандатот му истекува во октомври, а беше избран за член на предлог на Собранието.

„Ќе се потрудиме заеднички сите да ги преземеме сите мерки без разлика за кого и за кој судија и постапките што се пред Судски совет, дефинитивно мора да имаат крај“, изјави Селим Адеми, Заменик Претседател на Судски совет.

Киро Здравев доаѓа на позицијата Претседател на Судскиот совет на местото на Зоран Караџовски, кому му истече мандатот. Инаку, ова тело кое унапредува и разрешува судии, истражува несовесно постапување кај шефот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и колегите кои го пуштија од притвор бизнисменот Сеад Кочан да се брани од слобода и му го укинаа притворот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.