Судот не го најде Верушевски ни дома, ниту во Владата, не дојде да сведочи на Таргет-Тврдина“
Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, и актуелен советник на премиерот Зоран Заев за безбедност, денеска не се појави на судското рочиште за случајот „Таргет и Тврдина”. На судењето тој требаше да биде сведок.
Судијката Џанета Бегтовиќ појасни дека станот на Верушевски е постојано затворен и оставено е известување во сандаче, но сведокот не се јавил.
Покана за да сведочи ми била испратена и на работно место, одсносно во Владата, но нема потврда дека тој лично ја примил поканата.
Судот од МВР ќе побарат информација дали Верушевски ја сменил адресата на живеење, за да го повикаат за на следното рочиште кое е закажано за 23 септември.
Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.
На минатото рочиште беше сослушан сведок вработен во УБК.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.