Сугарески задоволен од напредокот на магистралниот гасовод

Првиот човек на транспорт и врски Горан Сугарески е задоволен од динамиката како се одвива работата на магистралниот гасовод.
Сугарески го кажа тоа од денешната посета на Тетово каде изврши увид во обновата на патот од Тетово до Попова Шапка.
-Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата-кажа Сугарески потенцирајќи дека Владата има приоритет за изградба на капитални проекти.
Министерот кажа дека добро оди динамката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар а овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти.