ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Студено ракување на Вучиќ и Тачи во Тирана

Албанските и косовските медиуми го снимија ракувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи пред почетокот на регионалниот самит Брдо-Бриони во Тирана и го пренесоа со коментар дека било „студено“.

Вучиќ и Тачи се ракуваа во присуство на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Средбата на Вучиќ и Тачи во Тирана се случи еден ден откако српскиот претседател порача дека никогаш нема да ја признае косовската независност, додека косовскиот претседател вчера кажа дека по доаѓањето во албанската престолнина со премиерот на Албанија Еди Рама разговарал за целосно укинување на границата меѓу Косово и Албанија и припојување на трите општини од јужна Србија на косовската територија.

Вучиќ синоќа изјави дека станува збор за луди идеи, нереално, но дека секако ќе им го укаже тоа на Тачи и другите функционери, иако, како што истакна, Албанците со постојаното повторување на таквите нешта создаваат впечаток дека тоа е нешто нормално.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.