ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Строги мерки за хотелиерите: Грција ќе ги отвори границите на 1 јули?

Грчкиот премиер се надева дека во најдобар случај границите на земјата ќе бидат отворени на 1 јули. Министерството за наутика и островска политика објави план за работа на бродовите во Грција со постепено укинување на мерките против корона вирусот.

Она што е најважно за патниците, најголемиот број траекти ќе можат да пополнуваат само 50% од своите капацитети – внатре и на палубата. Тоа ќе биде максимален број патници кои ќе бидат дозволени.

Кога е во прашање авионскиот превоз, почнувајќи од локалните летови, седиштата ќе бидат означени со посебни ознаки каде смее, а каде не смее да се седи за да се задржи потребната оддалеченост.

Ќе бидат воведени и строги мерки за хотелиерите кои ќе бидат објавени наскоро.

Научниците советуваат земјата да биде поделена на три зони базирани на здравствената инфраструктура, капацитетите за сместување како и одредени промени кои ќе треба да ги имплементираат хотелиерите за да го спречат ширењето на вирусот.

Се даваат инструкции за дезинфекција, примери како би се служел појадок – исклучиво во надворешни услови и на делови со саатница.

Ќе бидат строги и условите за користење на базени, а клучна улога ќе игра и количината на хлор која ќе треба да се користи.

Сите детали би требало да бидат познати најдоцна до 15-ти мај.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.