Странските инвеститори да добиваат субвенции зависно колку купуваат од домашните фирми
Владата да ја услови помошта за странските инвеститори со обврската тие да мораат да набавуваат суровини од домашните компании. Од Сојузот на стопански комори велат дека не е доволно само да се даваат субвенции ако странците соработуваат со локалните фирми, туку Владата треба да размисли тоа да биде законска обврска.
Македонските бизнисмени сметаат дека не е точно дека не ги ислопнуваат потребните стандарди, туку комуникацијата со странските инвеститори одела тешко, па затоа странците најчесто набавувале суровини и репроматеријали од увоз, кои потоа ги извезувале како краен производ. Домашите фирми велат дека полесно им било да ги продадат производите во Минхен или Штутгарт, отколку во Бунарџик.
Домашните фирми се жалат и дека тешко наоѓаат стручни работници, особено технички кадар. Малите и средни фирми, пак, финансиски не се доволно силни за да можат да ги следат технолошките промени. Соработката со странските компании е на многу ниско ниво. Скоро 60% од домашните компании немаат никаква соработка со странските фабрики. Само 23% од македонските бизниси остваруваат некаков вид партнерство со нив. Од Сојузот на стопански комори велат дека тоа е премалку, главно се работело за обезбедување основни потреби за фабриките да функционираат како струја, вода, храна во кантините, мебел и слично, а поретко суровини, репроматеријали и помошни делови