Стотици загинати и повредени во силен земјотрес во Авганистан
Пеплосани куќи и најмалку 950 жртви остави зад себе траорниот земјотрес во Авганистан, со јачина од 6,1 степени според Рихтер.
Епицентарот е локализиран во планинската провинција Пактика на околу 40 километри од градот Хост во југоисточен Авганистан во близина на границата со Пакистан. Авганистанските власти објавија дека длабочината на земјотресот изнесува 51 километар.
Над 1500 лица се повредени, но бројката на жртви се очекува да расте во текот на денот, јавуваат локалните власти. Локален функционер објави на социјалните мрежи дека се уништени 90 куќи и се стравува дека десетици луѓе се заробени под урнатините. Авганистанските власти велат дека започнале спасувачки напори и апелирале за меѓународна помош
Во спасувачките тимови се вклучени хеликоптери за транспорт на повредените и снабдување со лекови и храна, но оддалечените планински села се тешко достапни за екипите на брзата помош.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар Тресењето го чувствувале околу 119 милиони луѓе во радиус од околу 500 километри од во Пакистан, Авганистан и Индија.
Катастрофалниот земјотрес доаѓаат во времето кога Авганистан се бори со тешка економска криза, откако ланскиот август талибаните се вратија на власт. Локалното медиуми јавуваат дека потенцијална причина за големиот број на жртви е поради сеизмичката нестабилност на куќите, Населението е сиромашно и голем дел од домовите се направени од земја.