Средба Заев-Ахмети за кадровски смени – консултации во партиите, па нова средба
Средбата меѓу Премиерот Заев и лидерот на ДУИ Ахмети заврши без изјави. Од Владата соопштија дека на денешниот состанок меѓу двајцата партнери од владината колаиција започнале разговорите за детектирање на одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт.
Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, соопштија од владиниот кабинет.
Претходно, двајцата лидер имаа различни ставови за таканаречената “операција метла”.
По внатрешните консулатции во двете најголеми партии од владината коалиција разговорите ќе продолжат. Според најавите од Премиерот Заев, првите промени треба да се случат на почетокот на идниот месец.