ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Средба Ангеловска – ССМ: Пет барања од бизнисмените

Да не се одолговлекува законското воведување на холдингот како форма на организирање на компаниите, да се укинат привилегиите на јавниот сектор при наплата на долговите преку извршители, како и решавање на проблемите со пресметката и повратот на ддв при увоз на суровини се дел од она што денеска бизнисмените ѝ го испорачаа на министерката за финансии на првата средба во Стопанската комора.

Првиот човек на Стопанската кломора Бранко Азески вели оданочувањето на капиталните добивки ќе има негативни последици за компаниите. Министерката за финансии Нина Ангеловска, на денешната средба со бизнисмените од стопанската комора потврди дека ќе се разгледа иницијативата на македонската берза и комисијата за хартии од вредност, но конечната одлука ќе се донесе откако ќе се анализираат сите податоци. Претходно пак вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе со став дека даночењето на капиталните добивки треба да се одложи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.