ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Србија: 1.795 нови случаи на Ковид-19, починале 34 лица

Според последните информации во Србија се регистрирани 1.795 нови случаи на Ковид-19.

Од последиците на вирусот починале 34 лица.

На респиратори во болниците ширум Србија се 201 пациент.

Тестирани се 10.564 лица од кои 16,99 отсто биле позитивни.

Вкупно до сега во таа земја се направени 2.399.702 тестови од кои 359.689 биле позитивни на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата во Србија починале 3.582 лица.

Инаку, премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави нова седница на Кризниот штаб.

„Утре заседава Кризниот штаб, донесуваме нови мерки или одлука за продолжување на постоечките“, рекла Брнабиќ.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.